ТВ адаптерот на Bernafon го прима звукот од телевизорот и безжично го пренесува како да е Bluetooth® сигнал до Bernafon SoundGate. ТВ адаптерот се инсталира лесно и дава природно слушање на сите звуци од телевизорот. ТВ адаптерот е поврзан само кога е во близина на SoundGate. Може да работи во комбинација со други други аарати кои се поврзани за SoundGate от како фиксни телефони, мобилни телефони, музички плеери и сл.
Корисникот на ТВ адаптерот може да направи избор дали ќе го слуша звукот само од телевизорот или ќе го остави вклучен микрофонот на слушниот апарат и ќе го слуша како телевизорот, така и разговорот од околината.
Поврзувањето на ТВ адаптерот со SoundGate е многу едноставно. Автоматски детектира кога SoundGate е во близина и ја има вклучено опцијата за спојување. Нема потреба од притискање специјални копчиња за поврзување.
ТВ адаптерот може да работи на растојание од 10 метрa оддалеченост од SoundGate-от. Слушањето преку ТВ адаптер започнува кога на SoundGate се притиска копчето Auto Key. Индикаторот на ТВ адаптерот светнува кога тој започнува да пренесува звук.
Со помош на Вашиот далечински управувач имате можност да правите подесување на Вашето слушно помагала без да направите некаков контакт со истото.
На самиот апарат се наоѓаат 3 копчиња. На копчето означено со „ + „ се зголемува гласноста (јачината на апаратот), на копчето „ – „ се намалува гласноста (јачината на апаратот), додека на 3тото копче се употребува за да се направи промена во програмите. Исто така на самиот далечински управувач има индикатор со светлика кој трепка секогаш кога се прави некаква промена со далечинскиот.
За да го мутирате Вашиот апарат се притиска на копчето за намалување на гласноста непрекинато од 3-4 секунди. За да се врати апаратот на предходната јачина, треба да се притисне нило кое копче.
За да се заклучи далечинскиот управувач (да се избегнат несакани притискања доколку се носи во џеб ) се притискаат на копчињата за зголемување и намалување на гласноста непрекинато од 3-4 секунди. За повторна функција на далечинскиот, се повторува постапката.
Далечинскиот управувач работи на батерии од типот АААA.
Со помош на SoundGate 3 се прави безжично поврзување на Вашиот слушен апарати и многу аудио апарати преку Bluetooth®. SoundGate 3 може да се користи како далечински управувач за слушниот апарат и како поврзувач меѓу надворешни аудио апарати и слушниот апарат.
На SoundGate 3 има повеќе копчина со различна функција и тоа: Копче за вклучување и исклучување, индикарот за промена на функции, копче за контрола на гласноста, помошно копче за приклучување, копче за ТВ, копче за телефон,отвор за микрофон, отвори за ставање околу врат, микро USB излез за полнење.
SoundGate 3 работи на батерија која се полни. Батеријата може да се полни во штекер, преку компјутер или преку соодветниот држач за SoundGate 3. Во завиност од тоа дали батеријата е полна, празна или се полни индикаторот трепка различно.
Со помош на Вашиот далечински управувач имате можност да правите подесување на Вашето слушно помагала без да направите некаков контакт со истото. Далечинскиот управувач е совршен за пациенти кои сакаат дискретна, директна контрола врз суштинските карактеристики на нивниот слушен апарат. На самиот апарат се наоѓаат 4 копчиња. На копчето означено со „ + „ се зголемува гласноста (јачината на апаратот), на копчето „ – „ се намалува гласноста (јачината на апаратот), додека на 3тото копче се употребува за да се направи промена во програмите. Четвртото од копчињата се употребува доколку сакате да се избришат сите промени кои сте ги направиле на Вашиот апарат. На самиот далечински управувач има индикатор со светлика кој трепка секогаш кога се прави некаква промена.
U - ТV адаптерот на Unitron го прима звукот од телевизорот и безжично го пренесува како да е Bluetooth® сигнал до U – direct, кој пак, го пренесува до слушниот апарат. U - ТV се инсталира лесно и дава природно слушање на сите звуци од телевизорот. Може да работи во комбинација со други други апарати кои се поврзани за U – Direct како фиксни телефони, мобилни телефони, музички плеери и сл. Корисникот на U- ТV може да направи избор дали ќе го слуша звукот само од телевизорот или ќе го остави вклучен микрофонот на слушниот апарат и ќе го слуша како телевизорот, така и разговорот од околината.
Поврзувањето на U - ТV со U – direct е многу едноставно.
U - ТV може да работи на растојание од 10 метри оддалеченост од U- directot. Слушањето преку U - ТV започнува кога на U- direct се притиска соодветното копче. Индикаторот на U - ТV адаптерот светнува кога тој започнува да пренесува звук.
Со помош на U - direct се прави безжично поврзување на Вашиот слушен апарат и многу аудио апарати преку Bluetooth®. Може да се користи како поврзувач меѓу надворешни аудио апарати и самиот слушен апарат.
На U - direct има повеќе копчина со различна функција и тоа: Копче за вклучување и исклучување, индикатор за промена на функции, копче за контрола на гласноста, копче за одговор кога Вашиот телефон ѕвони, отвори за ставање околу врат, микро USB излез за полнење.
U - direct работи на батерија која се полни. Батеријата може да се полни во штекер или преку компјутер. Во завиност од тоа дали батеријата е полна, празна или се полни индикаторот трепка различно.