АудиоБМ слушни апарати и ординација за оториноларингологија

Помагала за говор и канили

Како ексклузивни застапници за компанијата Amplicord новиот 55X електроларинкс е ларингофон со цилиндрично тело кој на себе има копче за вклучување и исклучување и две мали копчиња за бирање на тонот и гласноста. Ларингофонот како апарат служи да им помогне на пациентите кои биле подложени на хируршки зафат во кој им биле отстранети гласните жици, па единствен начин за комуникација со другите луѓе е преку ларингофонот. За да се употребува овој апарат потребно е предходно да се посети специјалист кој ќе им обезбеди на пациентот соодветно упатство за употреба и вежби за подобрување на говорот кој се добива преку него.

Продукцијата на говор преку ларингофонот се добива на начин на кој апаратот доаѓа во контакт со кожата на вратот која не е оштетена. Притоа, вибрациите кои ги произведува ларингофонот, кога доаѓа во контакт со грлото на пациентот се испраќаат во усната шуплина и преку движењето на усните без некаков напор, се добива говор.

Во комплетот добивате: ларингофон, батерија која се полни, полнач за батерија, упатство за употреба.

Сет на Amplicord 55X ларингофонот

Метални трахеални канили

АудиоБМ – МК како една од водечките фирми е застапник и за посребрени ендотрахеални метални трахеални канили. После операција на трахеотомиа секој, пациент има потреба од ваква канила. Достапни се во повеќе големини ( 8мм, 9мм, 10мм, 11мм, 12мм ).

Сл. 1 Поставување и делови на ендотрахеална метална канила


Сл. 2 Делови на ендотрахеална метална канила


Сл. 3 Делови на ендотрахеална метална канила ( склопена )


© AudioBM | 2017