АудиоБМ слушни апарати и ординација за оториноларингологија

NEVARA 1

Со NEVARA 1 Вие како корисници на слушен апарат ќе добиете подобрување на разбирливоста на говорот, зголемен комфорт при слушање и повеќе можности за индивидуализација. Со помош на високо-технолошките карактеристики кои ги поседува оваа фамилија на слушни апарати слушањето добива една исклучителна вредност во целина. Напредната технологија на Bernafon ChannelFree™ сега е достапна и со Nevara. Nevara 1 е комплетено семејството на слушни апарати,кои се погодни за корисници кои имаат од благо до тешка загуба на слухот.

Новите функционалности кои овој тип на апарати ги поседува, сега се достапни во сите модели.
Уникатната ChannelFree ™ обработка на сигнал е клучот за чист и природен звук.
Слушната дразба како сигнал, во целина се обработува 20.000 пати во секунда, со што се постигнува поголема говорната разбирливост и одличен квалитет на звукот во повеќе ситуации. Обработката на звучниот сигнал е до 8 kHz.

Audio Efficiency™ технологија има свои дополнителни карактеристики и тоа: ( во однос на говорот ), Говорен приоритет ( приоритет на фонема ),
Удобност -  Со Адаптивната редукција на шум, бучава веднаш се открива и потиснува. Вие ќе доживеете удобно слушање без да се загрозат на говорот и разбирањето.
Апаратите имаат бинаурална синхронизација на сите промени.
REMfit™ технологијата овозможува подесувањето на апаратот да биде според реалните мерења на увото.
Автоматската насоченост на микрофонот овозможува да се локализира изворот на звук. Исто така, автоматски се детектира телефонот со што ќе се олесни комуникацијата преку телефон.
Можност за избор на 4 програми од 7 понудени и запис за носење на апаратот.
Опција за wireless поврзување со додатоци кај сите модели на апарати.
Достапен е во повеќе модели како: задушен, слушен апарат со звучник директно во увото и канален модел.

Сите задушни апарати од фамилијата на Nevara 1 се со хидрофобен слој и слој кој им дава заштита од прашина и влага ( IP57 за Nevara 1 Nano I NanoRite, IP58 за Nevara 1 Cpx и P).

© AudioBM | 2017