INIZIA 1 е совршен избор за сите стандарди на слушно оштетување како во бучна, така и во тивка средина со што се подобрува говорната разбирливост. Овој тип на апарат располага со повеќе модели и тоа од канален до Power модел и поради тоа е соодветен за секаков вид на слушно оштетување. Што е најбитно од се, обработката на слушните сигнали е со најноватаChannelFree™ технологија. Прагот на дигитална обработка на слушниот сигнал со овој апарт е до 8 kHz. Исто така, битно е да се нагласи дека овој апарат има модел од типот Nano RITE( звучникот на апаратот е директно во слушниот канал). Адаптивната насоченост на микрофонот дава совршен пренос на звукот. Записот за носење кое го поседува овој апарат обезбедува податок кој на Вашиот специјалист за слушен апарат му укажува во кој средини и кој програми најмногу се употребувани ( 3 програми од 5 изборни ). Опцијата за намалување на бука и напредното менаџирање со тивка бука како и бучава предизвикана од ветер во комбинација со Channel Free технологијата, ќе Ви овозможат искуство на слушање кое го немало до сега со ниеден слушен апарат. Сите задушни модели од овој тип на апарат се обложени со водоотпорен слој.
Апаратот е достапен во повеќе модели како: задушен, слушен апарат со звучник директно во увото и канален модел.