АудиоБМ слушни апарати и ординација за оториноларингологија

NEO

NEO апаратите на Bernafon ги имаат сите потребни елементи кои даваат совршена сатисфакција на корисниците на слушни апарати. Единствено кај нас за прв пат преку ФЗОМ имате можност за добивање на слушен апарат кој има 5 канално обработување на звучниот сигнал. Дизајниран е да го подобри разбирањето на говорот во ситуации со позадинска бука, а исто така овозможува комфор во сите ситуации на слушање. Со опцијата OpenFit се овозможува избегнување на микрофонија и точно и прецизно подесување на апаратот. Технологијата за насоченост на микрофонот дава одличен квалитет на звук со тоа што звуците кои доаѓаат од напред се нагласуваат, а оние од страна и од позади се потиснуваат. Исто така со помош опцијата за редукција на бука и менаџирање на тивка бука, позадинската бука која ја има во секојдневните ситуации на комуникација се потиснува. Сопствениот глас звучи потполно природно, без пропратно слушање на микрофонија. Можност за избирање на две програми за слушање.

Дизајниран за сите видови на слушно оштетување.

Достапен е во повеќе форми.

© AudioBM | 2017