5. Како се испитува слухот?

Денес стојат на располагање повеќе методи за рано откривање на оштетувањето на слухот уште кај новородените . Испитувањето на слухот со овие скрининг методи (отоакустични емисии, auditory brainstem response) треба да се изврши уште во породувалиштата. Најчесто се скринираат оние новородени кои имаат ризик фактор за оштетување на слухот, како на пример:

  • Престој во центрите за интензиивна нега за новородени од два или повеќе дена,
  • Синдроми за кои е познато дека доведуваат до оштетување на слухот (на пр. Алпорт, Усхер синдром, Њаарденбург синдром),
  • Фамилијарна историја за оштетување на слухот,
  • Конгенитални инфекции (на пр. токсоплазмоза, бактериски менингитис, сифилис, рубеола, цитомегаловирус, херпес вирус) и
  • Краниофацијални абнормалности (особено морфолошки абнормалности на надворешно уво).
  • Овој скрининг е наречен селективен скрининг. негативна страна на овој скрининг е тоа што ги пропушта афектираните деца кои немаат ризик фактор. Од тие причини најдобро е да се скринираат сите новородени без разлика дали имаат или немаат ризик фактор. Ова е т.н универзален скрининг.

    Методи на испитување на слухот
    Во зависност од возраста, интелектуалната попреченост, присуство на други фактори кои ќе го одредат нивото на соработка се применува соодветен тест за процена на слухот.

     

    Тест

    Процедури

    Резултат

    Возраст

    Отоакустични емисии

    Звуците се презентираат преку мала слушалица поставена во увото.
    Одговорот се мери преку истата слушалица.
    Не го одредува степенот на оштетување на слухот.

    Ја проверува функцијата на деловите во увото (внатрешното уво)

    Новородени, доенчиња, мали деца, постари деца.
    Не постои потреба од седација 

    Auditory brainstem response

    Звуците се презентираат преку слушалици.
    Одговорот се мери преку електроди поставени на главата.

    Ја проверува функцијата на нервот кој го пренесува звукот од увото до мозокот и ја мери активноста на мозокот на дадениот звук

    Под 3 месечна возраст без седација
    Над 3 месечна возраст со седација

    Бихејвиорална опсервациона аудиометрија

    Бара некондициониран одговор од детето пр. трепкање со очите.
    Се спроведува во звучно изолирана кабина.
    Звуците од аудиометарот се презентираат преку слушалици или звучници (тонови со различна висина и јачина, говор).
    Проценува степен на оштетување на слух.

    Аудиограм - најтивкото ниво на кое детето одговара на звуците различни по висина

    Помлади од 6 месечна возраст. Треба да се користи во комбинација со ОАЕ и АБР 

    Плеј аудиометрија

    Бара кондициониран одговор од детето пр. фрлање на топка во корпа.
    Се спроведува во звучно изолирана кабина.
    Звуците од аудиометарот се презентираат преку слушалици,  звучници или вибратор и се разликуваат по јачина и висина.
    Го проценува степенот на оштетување на слухот.

    Аудиограм - најтивкото ниво на кое детето одговара на звуците различни по висина

    Најмалку 18 месеци

    Класична тонална аудиометрија

    Се спроведува во звучно изолирана кабина.
    Звуците од аудиометарот се презентираат преку слушалици и вибратор и се разликуваат по јачина и висина.
    Одговорот испитаникот го дава со кревање на рака кога ќе го слушне тонот.
    Го проценува степенот на оштетување на слухот.

    Аудиограм - најтивкото ниво на кој испитаникот одговара на звуците различни по висина

    Три и пол годишна возраст и повеќе

    Деца кои имаат слушно оштетување, деца кои посетуваат посебни основни училишта и деца кои се со висок ризик за оштетување на слухот потребно е еднаш годишно да се изврши контрола на слухот со некој од споменатите методи.